Ви благодарам од срце за довербата. Поддршка со над 16.000 гласови и повеќе од 9.700 гласа разлика од второпласираниот, истакна Дејан Митески, градоначалник на Аеродром и кандидат за уште еден мандат.
-Во периодот што предстои ќе работиме уште посилно, блиску до секој еден и ќе имаме можност да ги презентираме сите проекти кои ќе го направат Аеродром наш заеднички дом со кој ќе се гордееме. Аеродром денес избра иднина, истакна тој.