Македонија „Генерал Михаило Апостолски“

Мисајловски: Воената академија е столбот врз кој се градат идните офицери и подофицери на Армијата

Со посветен и стручен кадар, со јасна визија и мисија, Академијата ја исполнува својата улога – создавање на генерации на професионалци подготвени да служат со чест, достоинство и лидерство, истакна министерот Мисајловски.

Мисајловски: Воената академија е столбот врз кој се градат идните офицери и подофицери на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети касарната „Гоце Делчев“ каде се одбележуваше 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – столбот врз кој се градат идните офицери и подофицери на Армијата.

Во касарната „Гоце Делчев“ одбележавме 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ –…

Posted by Vlado Misajlovski on Thursday, September 4, 2025

Честитки до новиот декан, полковник Ненад Танески, му посакувам успешно раководење, исполнето со визија, одговорност и посветеност во создавањето на идните генерации офицери и подофицери.
Во изминатите три децении, Академијата прерасна во значајна високообразовна институција не само во државата, туку и во целиот регион. Со посветен и стручен кадар, со јасна визија и мисија, Академијата ја исполнува својата улога – создавање на генерации на професионалци подготвени да служат со чест, достоинство и лидерство, истакна министерот Мисајловски.

Министерство за одбрана

Тој додеде дека, посебно се радува на фактот што оваа институција има и регионален карактер, преку образованието на питомци од пријателски земји, се градат мостови на соработка, дијалог и интероперативност меѓу идните воени лидери.

Министерство за одбрана

Денеска беше промовирана и монографијата „30 години Воена академија“ – капитално дело кое сведочи за историјата, достигнувањата и придонесот на оваа институција во нашето општество, објави Мисајловски.

Министерство за одбрана
To top