Македонија Предновогодишен собир

Мисајловски: Во нашите вработените е силата на македонската одбрана и Армија

Мисајловски: Во нашите вработените е силата на македонската одбрана и Армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Министерството за одбрана се обратија на предновогодишна средба со вработените на која беа доделени признанија на пензионирани припадници, офицери и подофицери од Армијата за нивниот професионален ангажман, достигнувања и придонес во реформите на Армијата, а свечено во чин полковник беа унапредени двајца офицери на Армијата.

Мисајловски истакна дека силата на македонската одбрана и Армија е во вработените во Министерството и Армијата.

-Предновогодишниот собир е уште еден начин да покажеме дека работиме заедно и сплотени, дека во Министерството и Армијата постои синергија која секојдневно ја менува сликата на македонската одбрана.

Благодарам на сите вработени во Министерството и сите припадници на Армијата кои неуморно, професионално и посветено секој ден го минуваат правејќи ја нашата држава посигурна и нашите граѓани побезбедни.

Во 2025 година продолжуваме со уште поголеми амбиции и уште посилен мотив за нашата Македонија, вели Мисајловски.

Генералот Лафчиски им се заблагодари на пензионираните припадници за нивната долгогодишна служба во Армијата и за фактот дека тие „направија многу и го трасираа патот за следните генерации“. На припадниците и вработените во министерството и Армијата им ја честита новата година и претстојните празници и посака кохезијата во работата да продолжи и во 2025 година.

На собирот присуствуваа и заменик-министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменикот началник на Генералштаб, генерал-мајор Азим Нуредин, раководителите во Министерството и началниците на секции во Генералштабот.

To top