Македонија владината коалиција освои 66 општини

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори со освоени 54 општини и Градот Скопје

Оваа победа е голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати, рече Мисајловски.

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори со освоени 54 општини и Градот Скопје

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Владо Мисајловски денес одржа прес-конференција по  повод успешните резултати од локалните избори кои се одржаа во Република Македонија.

-Македонија е обоена во црвено од Кочани до Кичево, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направја вистинскиот избор, со освоени 54 општини и Градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори, рече Мисајловски.

Тој истакна дека владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна со вкупно освоени 66 општини од вклупно 81.

-Оваа победа е голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Му благодариме на секој граѓанин што го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме, нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти, рече Мисајловски.

Тој истакна дека историската победа и обединувањето на народот во Кичево поради што падна и Фатмир Дехари од ДУИ е благодарност на секој еден Албанец, Ром, Турчин, Власи, Срби, Бошњак и сите останати кои го дадоа гласот за Александар Јовановски. Обединувањето во Кучево е пример како се гради Македонија, рече Мисајловски.

„Огромна победа во Брвеница на Јовица и покрај сите дејствија кои ги презема неговиот противкандидат, Јовица и жителите на Брвеница издвоија голема победа. И во Брвеница, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците, и сите останати, покажаа дека националните и етничките приказни на одредени структури, паѓаат во вода.

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на општина Карпош. Огромна и важна победа во Карпош.

Исто така, победа издвојувавме и во градот Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на градот Скопје. И тука имаме навистина многу работа.

Граѓаните одбраа и промени во Валандово, во Дојран, во Дебарца, во Демир Капија, во Крушево, во Пробиштип, во Росоман, во Чучер Сандево, таму локалната власт ќе биде раководена од нови кадри, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Победивме и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце, Чешиново-Облешево.

Опозицијата на овие избори е длабоко поразена. СДС и ДУИ, мора да се реформираат. Нивните политики граѓаните ги имаат прочитано и повеќе не поминуваат. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција, која ќе дава аргументирана критика и поддршка на реформите. Кадровските промени на неколку луѓе во СДС, не е реформата која им е потребна. Проблемот во СДСМ е Филипче, затоа што е продолжена рака на Заев и се додека е така, СДСМ ќе тоне.

Ги слушаме и граѓаните кои не излегоа на изборите и оние кои излегоа и ги направија своите гласачки ливчиња неважечки. Ние ќе работиме да го промениме нивното мислење со работа и со проекти.

Доста е веќе Македонија да биде апатична. Време е работите да ги промениме и да покажеме дека народот заслужува повеќе. Нашите граѓани заслужуваат повеќе. И веќе сега во Брисел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски активно се бори за нашите заложби за членство во ЕУ. Мора да бидеме горди, достоинствени и со интегритет“, рече Мисајловски.

 

Прес-конференција на Владо Мисајловски

Posted by Kurir on Понеделник, 3 ноември 2025

To top