Македонија парламентарни и претседателски избори 2024

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај убедливо низ цела Македонија победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Денеска сме повторно тука во Шуто Оризари со моите драги пријатели, морам да ги пофалам за овој прекрасен настан мојот пријател Неџат, Нијазим, од нашата коалиција Твоја Македонија каде што навистина еден убав настан со еден прекрасен народ, каде што иако времето врне многу народ се собра за да разговараме за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, да разговараме за она што е во нашата програма и да се видиме со секој еден пријател тука во Шуто Оризари, изјави денеска потпретседаателот на ВМРО-ДПМНе и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

-Драго ми е што заедно со огранокот на ВМРО-ДПМНЕ тука со Ерџан кој што е на листата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ можевме да разговараме за сите прашања, да видиме што се маките на сите овие пријатели тука во Шуто Оризари бидејќи 7 години се заборавени од власта, рече Мисајловски.

Сложни и обединети на 24 април победува Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај убедливо во цела Македонија победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сакаме сите да порачаме, сложно, бидејќи оваа коалиција е најдобрата и најмасовната коалиција во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека заеднички и сплотено ќе направиме многу не само за Шуто Оризари туку насекаде низ Македонија. Сплотени порачуваме дека на 24 април победува Гордана Силјановска Давкова а на 8 мај убедливо и во Шуто Оризари и во цела Македонија победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, иатакна Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top