Македонија министерство за одбрана

Мисајловски доби благодарница за помошта на АРМ при поплавите во Словенија

Од страна на градоначалничката Лесјак, ни беше доделена плакета за благодарност за несебичната помош и поддршка за министерството за одбрана и македонските армиски припадници при справувањето со поплавите во општината Чрна на Корошкем.

Мисајловски доби благодарница за помошта на АРМ при поплавите во Словенија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер и градоначалничката на општината Чрна на Корошкем, Романа Лесјак.

На средбата која се одржа во утрово во Министерството за одбрана, министерот Мисајловски заедно со амбасадорот Прескер и градоначалничката Лесјак разговарале за важноста за унапредување на соработката и сојузничката поддршка при кризни состојби како и за нивни заеднички активности.

Од страна на градоначалничката Лесјак, ни беше доделена плакета за благодарност за несебичната помош и поддршка за министерството за одбрана и македонските армиски припадници при справувањето со поплавите во општината Чрна на Корошкем. Со јакнење на сојузништвото ја зацврстуваме соработката, стабилноста и безбедноста, во Македонија и во регионот, објави Мисајловски.

Утрово во Министерството за одбрана остварив средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер и градоначалничката на…

Posted by Vlado Misajlovski on Friday, October 17, 2025

Најнови вести од Македонија

To top