Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, денес посети повеќе локации и оствари средби со голем број на граѓани.
-Благодарам Куманово, ви благодарам македонски народе од населба Гоце Делчев за преубавата победничка и енергична атмосфера која ја имавме вечерва, како и во денот поминат заедно со вас. Ова е мотивација за сите нас да продолжиме со уште поголема енергија да чекориме по патот кон успесите и победите, истакна Мисајловски.
„Да сте живи и здрави! Да живее Македонија“ – им порача тој на граѓаните.