Денеска во просториите на Државниот завод за ревизија остварив продуктивна средба со Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Соработката меѓу двете институции ќе се интензивира се со цел понатамошно унапредување на работата и транспарентноста во министерството. На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат понатамошно унапредување на работата на субјектите од областа на одбраната, истакна тој.
Мисајловски порача дека ќе се обезбеди висок степен на транспарентност и отчетност.
-Со заедничка поддршка ќе работиме за успешна имплементација на препораките и за обезбедување на висок степен на транспарентност и отчетност, посочи министерот за одбрана.