Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана.
На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји како и за билатералните односи кои се пријателски и силни.
Продолжуваме да соработуваме во областите кои се од заеднички интерес, потенцира Мисајловски во објавата на фејсбук профилот.