Македонија REAIM самит во шпанија

Мисајловски: Од особена важност е одговорниот развој и користење на вештачката интелигенција во воениот домен

Мисајловски: Од особена важност е одговорниот развој и користење на вештачката интелигенција во воениот домен

На вториот ден од Глобалниот самит за вештачка интелигенција во областа на одбраната – REAIM, што се одржува во А Коруња, Шпанија, а каде присуствува македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски, фокусот беше ставен на развојот на AI технологијата, нејзината одговорна употреба, како и на транспарентноста и размената на информации во служба на мирот, безбедноста и градењето доверба меѓу државите.

Facebook / Vlado Misajlovski

-Од особена важност е одговорниот развој и користење на вештачката интелигенција во воениот домен. Покрај тоа што може значајно да придонесе за зачувување на меѓународниот мир и безбедност, AI има потенцијал да ја намали изложеноста на персоналот на различни ризици, да ја унапреди заштитата на цивилното население, особено преку навремено информирање, како и да го подобри процесот на донесување одлуки, вели Мисајловски.

Министерот вели дека му е посебно драго што учествувал на самитот, кој има важна улога во промовирањето на меѓународната соработка и одговорниот пристап кон новите технологии.

Најнови вести од Македонија

To top