Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостуваше министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Мисајловски кажа дека не знае дали ќе помине, но вети дека ќе даде поддршка на бранителите како министер.
„Јас колку што знам, не се расправа сега за законот. Се што е поврзано за бранителите, и се што може да помогне, јас ќе го поддржам. Но прашање е дали овој период кога се достави е вистински. Имаа шест години можеа да го направат, не го направиле. Не знам дали ќе продолжи да се расправа во Собранието. Дали ќе помине или не, оставете да видиме. Нека разговараат пратениците. Од она што можам да го ветам, и да не помине законот, можам да кажам дека ќе им помагам на бранителите“, рече Мисајловски.