Македонија Економијата е едно од најважните прашања

Мисајловски: Ние ветуваме конкретно 5.000 денари за пензионерите, ревидирање на позитивната листа, нови автопати, подобар животен стандард

„Граѓаните сакаат подобар економски стандард, сакаат повисоки примања, поголеми пензии и тоа е основното нешто, но исто така сакаат безбеден живот, сакаат сигурна иднина и она што сите го бараат а тоа е да се знае дека има предвидливост во сите процеси“, нагласи Мисајловски.

Мисајловски: Ние ветуваме конкретно 5.000 денари за пензионерите, ревидирање на позитивната листа, нови автопати, подобар животен стандард

Најважната порака која што ќе ја упати ВМРО-ДПМНЕ во кампањата е за подобар живот, да имаме повисоки плати, да имаме повисоки пензии, подобар економски стандард, изјави Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ2 во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Граѓаните сакаат подобар економски стандард, сакаат повисоки примања, поголеми пензии и тоа е основното нешто, но исто така сакаат безбеден живот, сакаат сигурна иднина и она што сите го бараат а тоа е да се знае дека има предвидливост во сите процеси“, нагласи Мисајловски.

„Моментално и последните 7 години можевме да видиме многу црни сценарија, можевме да видиме многу ветувања неисполнети од она што го правеа СДСМ и ДУИ како власт и граѓаните се чувствуваат разочарани. Јас ќе пробам во кампањата да направам една позитивна слика за се она што го нудиме во програмата во платформата 1198 проекти но и секој еден да се пронајде во таа кампања. Доста е веќе со негативна со црна кампања. Сакам да покажеме дека има надеж за секој еден“, нагласи Мисајловски и додаде:

СДСМ постојано ветуваат а не исполнуваат ништо. Мислат дека сто пати кажана лага ќе стане вистина. Нашиот фокус беше привлекување странски инвестиции а во последните 7 години сметам дека на прсти може да се избројат колку странски инвестиции имаме. Економијата е една од најважните прашања. Затоа ние конкретно ветуваме 5.000 денари за пензионерите уште во првата година, ветуваме дека ќе има ревидирање на позитивната листа, ветуваме дека ќе има нови автопати.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада, мислам дека секој еден во Македонија го знае тоа. Мое мислење е дека Гордана Силјановска Давкова ќе води во првиот круг со околу 100 000 гласа разлика, и легитимно прашање е да се постави дали СДСМ ќе гласа во вториот круг, дали ќе калкулира и што ќе прави. Разликата нема да можат да ја постигнат заеднички со ДУИ во втор круг. Не знам дали ДУИ ќе го поддржи Стево Пендаровски, проблемот е што и албанскиот граѓанин ги има истите маки истите проблеми што ги имаме сите ние“, нагласи Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top