Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски денес беше во посета на црквата „Св.Богородица Пречиста” во Чардак заедно со жителите на Чучер Сандево.
„Да ги почитуваме и негуваме верата и традицијата и сите заедно да придонесуваме, тоа е она што нè прави подобри луѓе.
Нашата света црква ќе биде чуварот на Македонија и македонскиот народ.
За многу години празникот и со Господ напред за победа и подобра Македонија“ – напиша Мисајловски.