Денеска во Министерството се сретнав со лорд Стјуард Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон и нивниот тим, информира министерот за одбрана Владо Мисајловски.
-Секогаш ми е задоволство кога нашите разговори за силно сојузништво и меѓусебна поддршка можеме да ги видиме на дело. Благодарност до нашите британски пријатели за сета нивна поддршка. Како сојузници ги развиваме одбранбените капацитети, а припадниците на двете армии преку заедничките обуки и вежби ја развиваат интероперабилноста која е клучна во зацврстувањето на безбедноста на цела Алијанса.