Денеска во Министерството за одбрана остварив работна средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом и одбранбеното аташе Даг- Магне Лунде. Остануваме посветени во зајакнување на одбранбената соработка во нови проекти, обуки, едукација на цивилниот и воениот кадар. Македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Македонија
посветеност на одбраната
Мисајловски на средба со Мелсом: Остануваме посветени во зајакнување на одбранбената соработка
Остануваме посветени во зајакнување на одбранбената соработка во нови проекти, обуки, едукација на цивилниот и воениот кадар, напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски по средбата.
