Македонија Македонско-американска одбранбена соработка

Мисајловски: Македонија останува цврсто посветена на еден од столбовите за развој на вооружените сили

Со набавката на најсофистицираните и најмодерни оклопни возила JLTV и Stryker од американско производство, македонската Армија ја зголемува својата борбена готовност и придонесува кон еден мирен, безбеден и стабилен регион, нитира во објавата Мисајловски.

Мисајловски: Македонија останува цврсто посветена на еден од столбовите за развој на вооружените сили

Денеска остварив средба со бригадниот генерал Крис Меккини, заменик директор во европската команда на вооружените сили на САД, објави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Македонско-американската одбранбена соработка е вистински пример за тоа како соработуваат две исклучително блиски земји, сојузници во НАТО. На генералот Меккини му се заблагодарив за сета досегашна поддршка во процесот на опремување и модернизација на Армијата, процес кој се рефлектира и на зацврстувањето на колективната безбедност во Алијансата. Благодарност и за можностите за професионално усовршување и едукација за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, потенцира во објавата Мисајловски.

Македонија останува цврсто посветена на еден од столбовите за развој на вооружените сили – стабилното буџетирање на одбраната и одвојувањето на значителен процент за процесот за модернизација, додаде министерот за одбрана.

Со набавката на најсофистицираните и најмодерни оклопни возила JLTV и Stryker од американско производство, македонската Армија ја зголемува својата борбена готовност и придонесува кон еден мирен, безбеден и стабилен регион, нoтира во објавата Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top