Македонија Избори

Мисајловски: Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ

Мисајлоски заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе ги победи сите.

Мисајловски: Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ

Ние како ВМРО-ДПМНЕ најавуваме децентрализација и средства да одат директно во општините и без разлика кој е на централна или локална власт граѓаните ќе бидат задоволни, општините ќе инвестираат во подобри услови за живот, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Говорејќи за тоа како постапуваат сериозни политичари и сериозна држава, Мисајловски укажа дека основно е и дека ако било кој се огрешил пред законот и сторил коруптивно или криминално дело треба да одговара пред законот.

„Секој што огрешил треба да одговара и за тоа не треба црна листа на друга држава. Сакам да ги видам македонските институции да реагираат, да отвораат постапки. Сакам да видам јавен обвинител кој ќе постапува по сите неправилности, а не кој ќе е во скут на СДС и ДУИ. А што имаше во Македонија? Се издаваа пасоши на криминалци, се донесе Кривичен закон за да не можат да одговараат лица од оваа власт. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе најде начин да одговараат сите кои сториле против законски дела“, рече Мисајловски.

Според него, власта само бега од одговорност.

„Го слушаме министерот за внатрешни Оливер Спасовски како вели дека вината зошто не се гонат сторителите на корупција и криминал не е до МВР. Спасовски вели вината било до правосудните органи, па лицата поставени во обвинителство и судство се нивни. Тие си поигруваат и затоа довербата е 2 проценти во овие институции“, кажа Мисајловски.

Ако се има во предвид целокупната ситуација во земјава, вели Мисајловски, јасно е единството во ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите покажуваат огромно водство за партијата и Коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствена партија која може да направи огромна победа и да добие 61 пратеник на претстојните парламентарни избори е ВМРО-ДПМНЕ. Ќе има и помали партии кои глумат опозиција, но тие се против опозицијата, а ја бранат власта. Тоа се луѓе кои за пари прават се, такви партии како на пример Десна не смеат да бидат дел од политичката слика“, рече Мисајловски.

Според него, ДУИ само се обидува сите да ги заќути и да ги придобие.

„На пример, за краток период влезе во Владата и Алијанса за Албанците. И со тоа се испразни место во ДИК кое треба да е на опозиција, но наместо тоа место да и се даде на албанската опозиција се прават игри. Сега да видиме дали опозицијата ќе го добие местото во ДИК или власта пак ќе манипулира“, кажа Мисајловски.

Мисајлоски заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе ги победи сите.

„За СДС е јасно одамна дека се кираџии во своја куќа и затоа е добро да има избори, а на истите следната година ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и покрај се што прави власта“, вели Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top