Македонија Се огласија од министерството

Министерство за правда: Екстрадиција на Палевски се спроведе во релативно краток период, за неполни пет месеци

Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте“ – се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Министерство за правда: Екстрадиција на Палевски се спроведе во релативно краток период, за неполни пет месеци

Министерството за правда се огласи откако првоосомничениот за убиството на малата Вања и фризерот Панче, Љупчо Палевски – Палчо бепе екстрадиран во Македонија.

„Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте“ – се наведува во соопштението од Министерството за правда.

To top