Македонија се сретна со градоначалникот Папазов

Министерот за земјоделство Трипуновски во работна посета на Кочани

Во рамки на посетата на Кочани, техничкиот министер Трипуновски имаше средба и со земјоделци од регионот на која се разговараше за состојбите со производството, откупот и пласманот на оризот.

Министерот за земјоделство Трипуновски во работна посета на Кочани

Техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски попладнево оствари работна посета на општина Кочани, при што се сретна со градоначалникот Љупчо Папазов. На средбата се разговараше за актуелни прашања од областа на аграрот, а особено внимание му беше дадено на оризопроизводството, како главна земјоделска гранка во регионот.

-Со оглед што општината Кочани има и рурален дел, со градоначалникот разговаравме за актуелни и отворени проблеми во земјоделството. Без оглед што станува збор за технички период на работата на Владата, сакаме некои процеси, доколку се застанати, да ги продолжиме во интерес на земјоделците. Исто така, во една локална компанија од областа на земјоделството ќе разговараме за предизвиците со кои соочуваат преработувачите, со можност за давање соодветна поддршка. Со оглед што во завршна фаза е нашата програма за изборите, сакаме да вметнеме дополнителни проекти и мерки што ќе значат олеснување на нивното функционирање, истакна министерот Трипуновски.

Градоначалникот Папазов се осврна на актуелни прашања што се во надлежност на Министерството за земјоделство, при што побара поддршка за реактивирање на ловното здружение „Осогово“ и враќање на терените што порано ги користеа кочанските ловци.

Во рамки на посетата на Кочани, техничкиот министер Трипуновски имаше средба и со земјоделци од регионот на која се разговараше за состојбите со производството, откупот и пласманот на оризот.

Најнови вести од Македонија

To top