Македонија Средба

Министерот за одбрана Мисајловски во посета на Воздухопловниот ВИНГ

Мисајловски се заблагодари на пилотите и целиот персонал на оваа команда за придонесот при гаснењето на пожарите во нашата држава.

Министерот за одбрана Мисајловски во посета на Воздухопловниот ВИНГ

Во работна посета на командата на Воздухопловниот ВИНГ во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беше денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со заменик началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и началникот на штаб на Командата за операции, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски.

За време на посетата оствари средба со командантот на Командата на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игорчо Стоименовски и со останатите командири на единиците во состав, на која беше брифиран за состојбите и оперативните можности и капацитети на оваа Команда.

Мисајловски се заблагодари на пилотите и целиот персонал на оваа команда за придонесот при гаснењето на пожарите во нашата држава и им порача дека активно ќе работи заедно со сите чинители од оваа команда и со Генералштабот да се надминат предизвиците со кои се соочува оваа клучна единица на Армијата.

Најнови вести од Македонија

To top