Македонија

Министерот Тошковски промовираше мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (20.09.2024), се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

Министерот Тошковски промовираше мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (20.09.2024), се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно насилство и истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места. Содржината на апликацијата е изработена од работна група со членови од Центарот за обука, Бирото за јавна безбедност и Одделот за информатика и телекомуникации, а Мисијата на ОБСЕ во Виена даде силна поддршка во изработката апликацијата, со менторство на целиот процес и ангажман.

Истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места.
„Полициската професија е сложена и комплексна. Од полицискиот службеник се очекува брз и ефикасен одговор, но и одговор кој во целост ќе ја задоволи процедуралната правда за жртвите. Полициските службеници често се соочуваат со предизвикот да дадат одговор по пријави за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, а потребата за почитување на процедурите во постапката е од извонредно значење за жртвата, но и за полицијата како служба која има примарна надлежност да штити преку соодветно постапување.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека ваквите алатки за учење како што е мобилната апликација за родово базирано насилство и семејно насилство, треба да го овозможи процесот за полесно учење, за следење на процедурите при постапувањето по пријави за овој вид на кривични дела.

Родово базираното насилство врз жени и семејното насилство е проблем кој ја засега целата заедница. Мултисекторскиот одговор, брзината и ефикасноста на одговорот кој го нуди полицијата треба целосно да биде заснован на родово разбирање на насилството, одговор без дискриминација, одговор со кој во центарот на целокупното внимание ќе биде ставена жртвата, нејзините права и потреби. Знаењето на процедурата, познавањето на начелата за постапување, протоколот за соработка со другите институции се една од гаранциите за обезбедување на ефикасен систем за помош, поддршка и заштита на жените жртви на насилство.

„Министерството за внатрешни работи, во целиот процес на реформи и развој, акцентот го става на развивање на дигитални алатки за учење, но и дигитализација на работните процеси со што ќе се овозможи брзина, ефикасност и намалување на можности за грешки во работата.“, ја нагласи министерот посветеноста кон олеснување на процесите со нивна дигитализација.
Тошковски на крај подвлече дека едуцирани, компетентни и мотивирани полициски службеници се еден од предусловите за полиција која ќе биде сервис, поддршка и заштита за граѓаните.

To top