Македонија Министерство за локална самоуправа

Министерот Перински го презентираше новиот проект „Зелена топлина“

Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Љупче Почивалец, Александру Албу претставник од Делегацијата на ЕУ и поранешниот градоначалник, Ацо Ристов, денеска присуствуваше на завршната презентација на Проектот „Зелена топлина“ во Општина Радовиш.

Проектот е имплементиран преку Програмата „ЕУ за општините“ финансирана од Европската Унија. Кофинансирањето за проектот е обезбедено од Министерството за локална самоуправа и Општина Радовиш.
Вкупен буџет: 1.143.456 евра.
Со проектот се заменети старите системи за затоплување во четири јавни објекти (основно училиште, градинка, средно училиште и општинската зграда) со енергетски ефикасни топлински пумпи, поврзани со фотоволтаични панели.
Овој проект придонесува за намалување на загадувањето и поефикасно користење на енергијата како и зголемен квалитет на живот за граѓаните, особено на најмладите.

Министерот Златко Перински, заедно со градоначалникот Љупче Почивалец, Александру Албу претставник од Делегацијата на ЕУ…

Posted by Министерство за локална самоуправа on Monday 10 November 2025

To top