Македонија СДС е партијата која Македонија ја донесе во потчинета позиција кон Бугарија

Милошоски: Паролата за европски фронт на СДС и ДУИ е карикатурална парола, наместо подобрување и приближување до европските стандарди ние имаме назадување

„Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да делуваме за подобрување на стандардите на Македонија и нивно приближување до европските стандарди. Суштински да се подобри функционирањето на државата, а не со пароли, а во дела да имаме назадување. И второ ако зборуваме веќе за Уставот, за блокадата, за Бугарија што СДС лекомислено го прифати да биде дел од преговарачката рамка ВМРО-ДПМНЕ може да понуди еден европски модел а тоа е моделот на Словенија и Хрватска и тие две земји едната членка на ЕУ другата аспирант за членство имаа одреден проблем но тој проблем кој постоеше помеѓу Словенија и Хрватска со помош на Брисел помогна за зачленување на Хрватска во ЕУ.“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Милошоски: Паролата за европски фронт на СДС и ДУИ е карикатурална парола, наместо подобрување и приближување до европските стандарди ние имаме назадување

Тој додаде дека СДС е партијата која Македонија ја донесе во потчинета позиција кон Бугарија.

„СДС беше партијата која на Бугарија и ја направи најголемата услуга со потпишувањето на Договорот за Добрососедство, СДС ја донесе Македонија во потчинета позиција кон Бугарија. Со блокадата од Бугарија се гледа дека е така бидејќи Бугарија се повикува на Договорот и става вето и диктира преговарачка рамка.“, рече Милошоски.

Тој потенцираше дека употребата од страна на власта на тој европски фронт стана карикатурална парола.

„СДС и ДУИ од паролата европски фронт, направија политичка карикатура, затоа што не европски ако вие на еден граѓанин на Македонија како Јилдиз Веапоска од Дебар во дива болница во Струга и направат таква човечка штета со лекарска грешка и неказнето станува сторителот на тоа дело само затоа што е член на ДУИ и беше директор на државната болница во Струга. Не е воопшто европски фронт кога имате купопродажба на трговскиот центар Соравија за нула евра и еден кој му е внук на Али Ахмети добива 39 проценти од Соравија која вреди 35 милиони евра тоа не е европски фронт воопшто не европски кога првиот човек на ДУИ од Чаир иде со група на бандити во М-НАВ го загрозува воздушниот сообраќај прави глупости внатре се тепаат се кошкаат реагираат дури и земји членки од НАТО а некој тврди дека тоа е европски фронт. На анкетна комисија во Собрание имавме барање за политичка одговорност на оние лица кои направиле некаков скандал на штета на пациентите СДС и ДУИ беа против да се донесат било какви заклучоци, а гледаме дека сега Обвинтелството постапува и двајца од тие избрани и именувани личности едниот од СДС другиот од ДУИ сега се пред истрага“, заклучи Милошоски.

Најнови вести од Македонија

To top