Македонија различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократско општество

Милошоски одговори на реакцијата на НР Кина за средбата со претставници на Тајван во Рим

И на крајот, различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократско општество, па затоа сметам дека и од претставниците на НР Кина ваквите средби ќе бидат разбрани како можност за добивање на повеќе информации за теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност, посочи пратеникот Милошоски во одговорт..

Милошоски одговори на реакцијата на НР Кина за средбата со претставници на Тајван во Рим
Пратеникот Антонијо Милошоски одговори на реакцијата на НР Кина за средбата со претставници на официјален Тајпеј во Рим. Во него тој вели:
„Во однос на реакцијата на амбасадата на НР Кина во Македонија би сакал да истакнам неколку поенти :
Прво, официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. Уверен сум дека заедничките проекти и соработката во сите области ќе продолжат со несмален интензитет, од кои двете држави како рамноправни партнери ќе имаат взаемна корист.
Второ, избраните претставници во Собранието на Р.Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, а се со цел да се искористи потенцијалот за размена на мислења околу меѓународните теми и да се потенцира ставот дека мирољубивиот дијалог за било кое прашање е подобар од било какви можни воени тензии или воени конфликти. Во тој дух и во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија, беше остварена и средбата со претставниците од Канцеларијата официјален Тајпеј во Рим, а на која учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи, и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.
И на крајот, различните мислења и ставови се нешто вообичаено во секое демократско општество, па затоа сметам дека и од претставниците на НР Кина ваквите средби ќе бидат разбрани како можност за добивање на повеќе информации за теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност.
Со почит, Антонио Милошоски“
To top