Македонија средба

Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на регионот и Европа во целина

Соговорниците заеднички истакнале дека членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот и Европа во целина.

Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на регионот и Европа во целина

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски денеска оствари средба со Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент. На средбата присутвуваше и пратеничката Рашела Мизрахи.

Како што информираат од собраниската прес-служба, посетата на македонското Собрание била искористена за разговори поврзани со политичките односи во регионот и перспективите на државите од Западниот Балкан во процесот на ЕУ интеграциите.

Соговорниците заеднички истакнале дека членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот и Европа во целина. Истовремено, било изразено задоволство за многу добрите словачко-македонски билатерални односи.

Како што посочуваат од Собранието, соговорниците размениле мислења за актуелните меѓународни теми, поврзани со Украина и Иран. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top