Македонија Обвинување

Милетиќ: Дали и како е можно кога е Јакимовски градоначалник на Карпош да добиваат тендери исти фирми во општината?

„Дали и како е можно кога е Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош да добиваат тендери исти фирми во општината, согласно инсајдерски информации и спецификации и истите луѓе да тргуваат и купуваат градежно државно земјиште?“

Милетиќ: Дали и како е можно кога е Јакимовски градоначалник на Карпош да добиваат тендери исти фирми во општината?

Советникот во Град Скопје, Петар Милетиќ објавува докумети кои отвораат неколку прашања за работењето на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

-На почеток, да ја изразам мојата искрена благодарност до свиркачот кој ми достави интересни докази и кој сака да ги разобличи матните зделки на Стевчо Јакимовски. Како прилог, ги доставувам овие документи од свиркачот, а ќе поставам и неколку прашања до Јакимовски, а кои веројатно ќе бидат доволни за истражните органи (Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Финансискта полиција и Државната Комисија за спречување на корупцијата) да ги проверат индициите по допрен глас, истакнува тој.

Милетиќ поставува прашања:

1. Дали и како е можно кога е Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош да добиваат тендери исти фирми во општината, согласно инсајдерски информации и спецификации и истите луѓе да тргуваат и купуваат градежно државно земјиште?
2. Дали е во пораката „човекот“, псевдонимот на Стевчо Јакимовски?
3. Дали Стевчо Јакимовски купува преку „човекот“ земјоделско земјиште во населбата Нерези (КП 3185 со површина од 2509 м2 и КП 3186 со површина од 2208м2) по цена од 10 евра? Дали посоченото земјиштето кога било купено во 2014 се водело како земјоделско, па цената била толку ниска? Дали по склучување на договорот, Стевчо Јакимовски истите парцели ги ставил во општ акт од 2014 и ги преименувал во градежно земјиште? До каде е процесот за допарцелизирање?

Фејсбук/Петар Милетиќ

-Доколку и овие наоди не бидат земени во предвид, сигурен сум дека со промената на власта која ќе се случи на следните избори, истражните органи ке бидат ослобедени од политички притисоци и уцени и ќе бидат процесуирани сите нелегални активности кои не се во согласност со Уставот и законите во Република Македонија. Во меѓувреме, ќе стојам рамо до рамо со моите сограѓани во општина Карпош, енергично спротивставувајќи му се на Стевче Јакимовски да ги руши парковите за да гради згради и остварува нелегален профит, вели советникот.

Најнови вести од Македонија

To top