Според информацијата од заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, објавена на неговиот фејсбук профил, пожарот е ставен под контрола.
„Повеќе од 60 луѓе од 5 часот наутро се на линијата на огнот и до овој момент може да кажеме дека и покрај тоа што беше голема, целата линија на огнот е покриена.
Допрва ќе станува жешко во текот на денот и нашите екипи остануваат овде за да видат што денот и природата ќе ни донесе.
Огромна благодарност до колегите од подружниците Валандово, Гевгелија и Струмица при ЈП “Македонски Шуми” кои со 26 луѓе од рано наутро се на терен во Валандово.
Огромна благодарност до против пожарните единици од Валандово, Струмица, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци кои направија натчовечки напори во справувањето со оваа огнена стихија.
Огромна благодарност до доброволното против пожарно друштво од Валандово за целиот ангажман околу овој пожар.
Огромна благодарност до колегите од шумската полициска станица Валандово кои дадоа огормен допринос во справувањето.
Исто така, морам да кажам дека и општинските власти на Валандово беа на ниво на својата задача и максимално се вклучија во санирањето на оваа непогода која се закануваше да биде од огромни размери.
На крајот, најважното, огромна благодарност до граѓаните и општоодговорните компании кој се вклучија да помогнат во гаснењето на овој пожар кој се закануваше да биде огромен.
Остануваме сите заеднички да бидеме на ниво на задачите и да се испречиме пред било кој и каков предизвик ќе ни донесат несериозноста на граѓаните и непредвидливоста на природата.
Благодарност до сите оние кои јавно ни даваа беспрекорна поддршка и доверба.
Секако благодарност и до оние кои издржано или неиздржано не критикуваа, сепак не следат и ние ќе направиме се во перидот кој следи и на тие граѓани да им покажеме и докажеме дека ова кое што го правиме и ќе го правиме е она вистинското“, објави Михаилов.
Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.