Македонија имаат најниска доверба од граѓаните

Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат

-Граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму и уште подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште заглавени во сето она што го направија изминатиот период затоа што имаме неколкумина кои не постоеја досега и сега наеднаш се вознемирени и се појавуваат на површина, таква намера немаме да правиме. Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и Устав, а да, ќе се појавуваат таков тип на т.н. експерти кои ќе толкуваат вака или ќе толкуваат така. Но едно е јасно, а тоа го кажуваат и граѓаните недвосмислено, дека овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат, рече Мицкоски на отворањето на реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија.

Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за најавените чекори што ќе ги преземе после празниците за разрешување на членовите на Судски совет, рече дека „овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат“.

-Како Влада сигурно дека нема да работиме нешто што е спротивно на законот и спротивно на Уставот. Се разбира, било кој процес што е спротивен на закон и Устав немаме намера да го водиме , па така ниту овој. Но не би се согласил врз основа на оние мислења кои јас ги имам исто така од оваа област и од уставните експерти, дека ова е противзаконски и противуставно, начинот на којшто е потребно да се побара одговорност, рече Мицкоски одговрајќи на новинарско прашање кои се чекорите за разрешување на членовите на Судски совет што ги најавил, со оглед дека дел од правните експерти истакнале дека тоа можеби е противуставно.

Мицкоски повтори дека тие имаат најниска доверба од граѓаните.

-Граѓаните ги оценуваат со најниска доверба. Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе и да останат уште подолго таму и уште подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште заглавени во сето она што го направија изминатиот период затоа што имаме неколкумина кои не постоеја досега и сега наеднаш се вознемирени и се појавуваат на површина, таква намера немаме да правиме. Ние работиме во интерес на граѓаните согласно закон и Устав, а да, ќе се појавуваат таков тип на т.н. експерти кои ќе толкуваат вака или ќе толкуваат така. Но едно е јасно, а тоа го кажуваат и граѓаните недвосмислено, дека овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат, рече Мицкоски на отворањето на реновираниот прв кат на Клиниката за психијатрија.

Мицкоски минатата недела изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во однос на Судскиот совет. -Размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи тогаш на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

To top