Македонија транспарентност при секој „милиметар“

Мицкоски за стратешкиот договор: Нема да носиме никаков шверцерски закон во Парламентот

Нема никаков Закон во Парламент на шверцерски начин да носиме, немаме намера да скриеме нити милметар информација која што им е потребна на граѓаните, вака одговори денеска на новинарско прашање премиерот на Република Македонија Христијан МИцкоски во однос на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Мицкоски за стратешкиот договор: Нема да носиме никаков шверцерски закон во Парламентот

Нема никаков Закон во Парламент на шверцерски начин да носиме, немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, вака одговори денеска на новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски во однос на договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

-Ние нема никаков Закон во Парламент на шверцерски начин да носиме со злоупотреба на европско знаме, како што тие правеа. Нема да класифицираме документи, напротив ќе и биде јасно на македонската јавност што ќе потпишеме, под кои услови, кои се цените по кои што ќе се гради и кои се компаниите кои што сето тоа ќе го градат. Немаме намера да скриеме нити милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, дециден е премиерот.

Во однос на обвинувањата на опозицијата Мицкоски рече дека тие имале можност во претходните 7 години да покажат перформанси, но биле инфериорни кон оние кои си играле фудбал и баскет во своите кабинети.

-Гледаат дека Македонија се гради, дека повторно се задвижува економијата…. за жал тие како политичка структура 7 години имаа можност да покажат перформанси, тие беа инфериорни на оние кои што играа фудбалчиња и баскет во кабинетите наместо да работат и да можам да ги разберам неможам да ги оправдам, рече Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото уште еднаш потенцираше дека македонската јавност се ќе има увид и дека нема да имама европски знамиња како и класифицирани информации.

-Ниту е мој карактер, ниту имам намера нешто да кријам од македонските граѓани туку секогаш подготвен да излезам да се соочам и апсолутно сето она кое што јас лично го работам и моите соработници е во интерес на македонските граѓани. Македонската јавност се ќе има на увид, секој цент кој што ќе биде потрошен ќе го има на увид. Нема да има европски знамиња и нема да има класифицирани под строго доверливо документи, потенцираше премиерот Мицкоски.

To top