Македонија

Мицкоски за скандалот на онкологија: Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе го решиме случајот и ќе вадиме луѓе со лисици од болницата

Мицкоски за скандалот на онкологија: Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе го решиме случајот и ќе вадиме луѓе со лисици од болницата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео вели дека никој не ја информира јавноста до каде е случајот со скандалот на Клиниката за онкологија во Скопје.

„Никој не ја информира јавноста до каде е случајот,а не ни очекувам да ја информираат. Бидејќи јавноста беше информирана кога требаше кај некој од ВМРО дома да влезат специјалци, за да апсат некој од оние во притвор. Кога има ваков тип на криминал тоа никој ништо не знае.

Дали очекувам оваа истрага да заврши? Не очекувам.

Но, набрзо од денеска, за неколку месеци од денеска очекувам кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната Влада многу јасно да се преземат озбилни истражни активности. И не само таму, ние имаме индиции и за други клиники. Да, мислам и за други болници. Не може ова вака да остане, озбилно ви кажувам дека ќе влеземе озбилно да истражуваме и озбилно ќе вадиме луѓе од таму со лисици“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

To top