Утре, 04.07.2024 година со почеток во 11:00 часот Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Гевгелија каде ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот булевар до Граничниот премин Богородица.
Булеварското решение со кое Гевгелија се поврзува со автопатот чини 19 милиони денари и се реализираше во две фази.
Вториот проект на кој ќе присуствува претседателот на Владата, Мицкоски е означување на почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан” во општина Гевгелија, проект кој е вреден над 16 милиони денари.
По завршување на настаните предвидено е изјава за медиуми на втората локација.