Македонија избори 2024

Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти: По формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти

Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021, изјави Мицкоски.

Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти: По формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика. Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ1.

ВМРО-ДПМНЕ

Тој додаде дека, она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк. Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.

ВМРО-ДПМНЕ

Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021, изјави Мицкоски.

Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде, потенцира во изјавата, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ1.

Најнови вести од Македонија

To top