Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет. Ветив работа за народот и тоа го остваруваме, порача утрово на својот ФБ профил новиот премиер Христијан Мицкоски.
– Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија.
📌 струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници.
📌 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови.
📌 приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.
📌 нови 630 вработувања.
📌 најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.
– Инвестиции за подобар животен стандард. За тебе! #ПОЧНУВАМЕ, порача Мицкоски.