Денеска во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник за надградба на ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани, Општина Бутел.
Надградбата ќе го реши проблемот со недостатокот на училници. Новиот објект ќе се протега на околу 400м2 ќе има нови 4 училници.
Проектот се реализира во соработка и со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. Реализацијата на овој проект е во вредност од 30.662.875 денари без ДДВ или 36.182.193 денари со ДДВ, информираат од Владата.
Превидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.