Македонија 18-ти Конгрес на ВМРО-ДПМН

Мицкоски: Стратегијата 2025-2030 е национален патоказ, рамката која ја стабилизира државата, ја европеизира без да ја разредува, ја зајакнува без да ја изолира

Јас ви ветувам, како што сум ветил и пред вас и пред народот, никој нема да го прекрши тој договор. Ниту јас. Ниту владата. Ниту кој било што ја носи одговорноста, рече Мицкоски.

Мицкоски: Стратегијата 2025-2030 е национален патоказ, рамката која ја стабилизира државата, ја европеизира без да ја разредува, ја зајакнува без да ја изолира

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот 18-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, кој се одржува во општина Кавадарци во спортскиот комплекс „Јасмин“, во своето обраќање се осврна на Стратегијата Македонија 2030, која е и национален патоказ, и рамка која ќе ја стабилизира државата.

„Денес, со усвојувањето на Стратегијата и Доктрината, создадовме нешто повеќе од политички документи, создадовме национален патоказ. Тоа е рамката што треба да ја стабилизира државата, да ја европеизира без да ја разредува, да ја зајакне без да ја изолираме, да ја направи конкурентна без да ја изгуби својата духовна вертикала. Ние не пишувавме програма, ние создадовме договор со иднината. А секој договор, вреди онолку колку што сме подготвени да го исполниме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ова не е само обичен документ, туку и рамка што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала.

„Вечерва, вие, делегатите, ја изгласавте Стратегијата 2025–2030, ја потврдивте Доктрината што ја подготвувавме со месеци, ја усвоивте платформата што треба да го дефинира животот на државата и развојот на партијата во следната деценија. Тоа не е обичен документ. Тоа е национален договор. Тоа е рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала. Тоа е патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава“, истакна Мицкоски и укажа: „Јас ви ветувам, како што сум ветил и пред вас и пред народот, никој нема да го прекрши тој договор. Ниту јас. Ниту владата. Ниту кој било што ја носи одговорноста“.

Најнови вести од Македонија

To top