Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во изборната единица 4, Александар Николоски, на покана на градоначалникот Андон сме овде во Гевгелија заедно со пратеничката Ангелина Петкова, заедно со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со гевгеличани, да направиме увид на неколку проекти кои што локалната самоуправа на чело со Доне како градоначалник и администрацијата ги прават овде во Гевгелија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Можам да кажам дека навистина се прават многу проекти, им честитам и на градоначалникот, и на администрацијата, честитам и на советниците кои што ја поддржуваат работата на Доне како градоначалник овде во Гевгелија. И можам само да им посакам така да продолжат бидејќи очекуваме најпрвин голема победа на следните и парламентарни и претседателски избори овдека во Гевгелија, и листата чија што носител е потпретседателот Александар Николоски, листата во изборната единица 4. И исто така очекуваме голема победа за идниот претседател, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, рече тој.
Мицкоски понатаму посочи:
„Потоа и дел од проектите кои што досега беа опструирани од страна на централната власт односно на Владата да бидат откочени, но и дополнително да бидат реализирани и други проекти кои што се од огромно значење за гевгеличани. Јас знам дека Доне и администрацијата се подготвени имаат многу проекти, и што би се рекло чекаат да се случи промената во Владата и тие проекти како резултат на политиките на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата да бидат реализирани“.