Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.
Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области. Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство, истакна Мицкоски.