Македонија

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост:Секој изгубен живот остава трага во општеството- како Влада стоиме рамо до рамо со нашите соседи

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост:Секој изгубен живот остава трага во општеството- како Влада стоиме рамо до рамо со нашите соседи

Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите од трагичниот настан во Нови Сад.

-Со длабока тага и сочувство, денес се потпишувам во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагичниот настан во Нови Сад. Оваа несреќа ни ги зближи срцата во заедничка болка, не само поради фактот дека меѓу жртвите има и македонски граѓанин.
Во име на Владата и на сите наши граѓани, изразувам солидарност и поддршка за српскиот народ и за сите погодени од оваа трагедија. Нашите мисли и молитви се со вас, верувајќи дека соработката и блискоста меѓу нашите народи ќе ни помогнат заеднички да ги пребродиме овие тешки моменти.
Секој изгубен живот остава трага во нашето општество, а ние, како Влада, стоиме рамо до рамо со нашите соседи, со надеж дека ќе можеме да го надминеме овој тежок период, пишува Мицкоски на Фејсбук.

To top