Македонија

Мицкоски: Се почитува укажувањето, доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки

Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот.

Мицкоски: Се почитува укажувањето, доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки

Откако дел од трговците ги качија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, по што биле забележани корекции на ваквите злоупотреби.

-Утрово разговарав со министерот за економија и труд Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Го почитуваат укажувањето и замолницата која јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот кој следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат. Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот.

За тоа, во моментов, нема потреба бидејќи најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето на премиерот и Владата.

Најнови вести од Македонија

To top