Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма

Она што вистински ме мачи и она што вистински мораме да го поправиме е што над 600.000 луѓе, наши сограѓани, соседи и пријатели живеат со само 150 денари на ден, истакна Мицкоски.

Мицкоски: СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма

Што се однесува до СДСМ тие на овие избори свесни се дека губат и тие повеќе се грижат и позиционираат за времето по изборите. Ковачевски, човекот кој до вчера управуваше со државата и одлучуваше за сè, вели вчера дека во Југославија земјава била спејс шатл. Можеби тоа е така, но проблемот е што сега тој со неговите од Македонија направија дупнат дрвен чамец, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.

-СДСМ е тотално безидејна, немаат ниту план, ниту програма. Барем пред 8 години имаа памфлет наречен „За живот во Македонија“, кој видовме како заврши и во што се претвори, но сега ниту тоа го имаат. Немаат никаков концепт, а на избори одат со некаков список на желби напишан на хартивче. Без сериозен план и програма. И навистина немам намера оваа кампања да се занимавам со нивните негативни хајки и црнења кои ги прават врз мене и моето семејство цели 6 години. И не ми паѓа на памет да одговорам и да се валкам во нивната кал, туку единствена намера имам да ја извадиме државата од калта во која тие ја втурнаа. Она што вистински ме мачи и она што вистински мораме да го поправиме е што над 600.000 луѓе, наши сограѓани, соседи и пријатели живеат со само 150 денари на ден, истакна Мицкоски.

Посочи дека секој трет граѓанин е сиромашен.

-Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација. Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната. Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора повеќе од 50%. Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра. Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра. Македонија меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа. Државава е на врвот на листата во Светот според индексот на мизерија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека имаме најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години.

-Дополнително на тоа Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат всушност и извештаите на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претсавници Со оваа власт довербата во судството е само 2%. Ова е реалноста која мораме да бориме да се промени, вели Мицкоски.

To top