Македонија претседателски избори 2024

Мицкоски: СДСМ долго време бараше и најде човек да изгуби на изборите, тоа е Пендаровски

Тој посочи дека Пендаровски не поседува било каква претседателска карактеристика која што треба да биде одлучувачка за граѓаните да му го дадат својот глас.

Мицкоски: СДСМ долго време бараше и најде човек да изгуби на изборите, тоа е Пендаровски

СДСМ долго време бараше, бараше и конечно најде човек кој што е подготвен да изгуби. И нема подобар пример од Стево Пендаровски како човек кој што е подготвен да изгуби и да доживее дебакл на следните претседателски избори“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“ на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Тоа ќе стане јасно уште на 24-ти април, нема потреба да чекаме до осми мај“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски смета дека Стево Пендаровски како претседател не покажа ама баш ништо со што ја заслужи титулата да биде пак претседател.

„Тој е склон да озборува, нешто што не би требало да прави еден претседател. И најчесто тоа покрај тоа што го прави со политичките противници, го прави и со највисокото раководство на партијата која што го предложила да биде претседател. И мислам дека Македонија тоа што го изгуби изминативе пет години додека Стево Пендаровски беше претседател ќе го надокнадиме многу брзо во следните пет години кога Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател на Македонија“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Пендаровски не поседува било каква претседателска карактеристика која што треба да биде одлучувачка за граѓаните да му го дадат својот глас.

To top