Македонија

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На новинарско прашање на премиерот Мицкоски појасни дека е познат новиот предлог за министер за здравство и дека ќе биде познат најдоцна до 12 јуни, на редовна седница на собранието.

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, доби прашање дали е познат предлогот за нов министер за здраvство.

– Одлуката е донесена уште во петокот. Апликацијата е донесена до парламентот, но за жал денес е таков ден и не можеше да биде ставен предлогот на дневен ред. Даваме напори предлогот да биде донесен на дневен ред или на 5 или на 9 јуни. Доколку не успееме најдоцна до 12 јуни на редовната седница на парламентот ќе бидат донесени предлозите за нов министер за здравство и за замениците министри, одговори премиерот Христијан Мицкоски

To top