Македонија Влада

Мицкоски: Повисоки пензии, зголемени плати во образование и здравство, огромен инвестициски бран

Во Буџетот се предвидени пари за раст на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што беше и ветување од Владата.

Мицкоски: Повисоки пензии, зголемени плати во образование и здравство, огромен инвестициски бран

Очекувам следната година да имаме економија која оди напред и произведува додадена вредност како и раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис како и поефикасни услуги, посочи премиерот Христијан Мицкоски по денешната седницата на Економско социјалниот совет.

-Во Буџетот кој е во собраниска процедура предвидуваме средства за зголемување на пензиите, останатите 2.500 денари, за што се предвидени околу 105 милијарди денари, што ќе биде второ зголемување по растот кој се случи оваа година. За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари за плати и 2 милиони денари за блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливи категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 53,4 милијарди денари, рече Мицкоски.

Во Буџетот се предвидени пари за раст на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што беше и ветување од Владата.

-Во стопанството ќе се случуваат два важни процеси. Првиот е реализација на инвестициски циклус за капитални проекти во општините за кои Владата веќе обезбеди 250 милиони евра. Ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура. Вториот циклус е парите кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, договорена е каматна стапка од 1,95 %, до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата, во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски огромен бран од можеби 800 милиони евра, рече Мицкоски.

Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие пари во основни средства за работа, обновливи извори на енергија, објекти  за сопствена употреба, како и да учествуваат во проектите кои ќе ги инвестираат општините.

-Очекувам раст на БДП и раст на нивото на директни странски инвестиции. Сето ова треба да ја закрепне економијата и да ја постави на здрави основи. Останува да разговараме со синдикатите и работодавачите. Тој дијалог треба да донесе решенија на проблемите кои постојат, но и да трасира решавање на децениските бариери напластени пропусти кои се случувале и кои придонесуваат да стагнираме како општество. Оптимист сум дека работите се движат во добар правец и нашата работа дава резултати. Секој час од денот го користам за решенија кои ќе го направат животот на граѓаните подобар, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека е уверен дека промените уште подрастично ќе се случуваат во периодот кој следи.

 

To top