Македонија анкета

Мицкоски политичар со убедливо најголема доверба кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг

Мицкоски политичар со убедливо најголема доверба кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг

Премиерот Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните, покажуваат податоците од најновата анкета на ИПИС спроведена во периодот помеѓу 18 и 21 јуни.

Според одговорите, во Мицкоски најголема доверба имаат 27,8 проценти од анкетираните. Останатите наведени политичари во анкетата уживаат доверба помала од 10 проценти.

ИПИС

Доколку следната недела има парламентарни избори, победата, според анкетата, ќе ја однесе ВМРО-ДПМНЕ.

Високи 28 проценти се изјасниле дека својот глас би го дале за владејачката партија. 10,1 отсто од анкетираните би гласале за СДСМ, 8,9 проценти за коалицијата ДУИ, а 7,8 отсто својот глас би го дале за коалицијата ВЛЕН.

На ова прашање не сакале да дадат одговор 15,5 отсто од анкетираните, додека 13 проценти се изјасниле дека не би гласале за ниту една партија.

ИПИС

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски на 1089 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

To top