Македонија Денот на Републиката

Мицкоски: Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит

Овој ден нека нѐ потестува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит

Премиерот Хриситјан Мицкоски даде изјава по повед 2 Август, Денот на Републиката.

-Дозволете ми да од центарот на нашиот главен град Скопје да го честитам големиот празник Илинден. Овој ден нека нѐ потестува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека нивната жртва нѐ потестува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас.

-Двжава во која што ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде на сите без разлика на етничка припадност. Овој ден нека нѐ обединува, да се слави и нека ни е вековит денот, да го ќествуваме достоинствено и напомош нека ни е Свети Илија.

Изјава по повод големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден

Изјава по повод големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, August 2, 2025

Најнови вести од Македонија

To top