Македонија Честитка

Мицкоски: Овој ден има огромно духовно и културно значење за српскиот народ и неговото чествување во Македонија,  доказ е за взаемната почит и разбирање меѓу граѓаните

Ви посакувам честит празник со желби за многу за здравје и среќа, но пред се желба за успеси и подобра иднина, која мораме заедно да ја градиме и за која мораме заедно да се бориме.

Мицкоски: Овој ден има огромно духовно и културно значење за српскиот народ и неговото чествување во Македонија,  доказ е за взаемната почит и разбирање меѓу граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.

Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение:

Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без оглед на нивните разлики.

Толеранцијата и соживотот се вековна традиција која се негува во нашата заедничка Татковина. Токму довербата и уважувањето меѓу двата народи, српскиот и македонскиот, се најцврстиот мост на пријателство кој може да се изгради. Нивната лојалност е доказ за тоа како се придонесува и гради државата.

Во исто време и тие како и сите останати граѓани ја споделуваат истата мака од секојдневието, лошиот стандард и живеачка. Во Македонија никогаш не се живеело толку лошо и толку сиромашно.

Затоа се потребни промени и голема надеж. Промените доаѓаат и тие зависат од секој еден човек.

Ви посакувам честит празник со желби за многу за здравје и среќа, но пред се желба за успеси и подобра иднина, која мораме заедно да ја градиме и за која мораме заедно да се бориме.

To top