Македонија учебна 2025/2026 година

Мицкоски: Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и татковината

Во основните училишта има 177.800 ученици од кои 17.250 првачиња, додека средно училиште ќе посетуваат 67.200 ученици.

Мицкоски: Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и татковината

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.

-За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денеска да застанам пред вас и ќе упратам три пораки кои за мене се важни, но и за сите вас. Можеби за првпат после седум години учениците за првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе. Нешто кое што е многу значајно, нешто кое во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите коишто пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денеска еве зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку новата дисциплина преку вештачката интелигенција со која што ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците која што ни ги носи иднината, рече Мицкоски.

Тој додаде дека за првпат после 7-8 години учениците низ училиштата низ Македонија ќе имаат можност пред себе да ги имаат учебниците по странски јазици, англиски, германски, француски, нешто што е важно за да создаваат пријателство преку границите на нашата татковина Македонија.

-Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам и на министерката за сето тоа што го направи изминативе 15 месеци за да можеме денес да зборуваме за ова што го зборуваме бидејќи знам колку часови состаноци сме имале поминати во организација за да можеме денес да го постигнеме ова и знам уште колку многу часови состаноци, организација ни се потребни за да го достигнеме нивото коешто стремиме и нивото коешто е потребно за нашите најмлади. Му благодарам и на градоначалникот којшто знам што сè прави за да Кисела Вода го добие овој лик којшто го има денес и знам колку е тој сè уште амбициозен и сè уште има големи планови, не само за Кисела Вода и за Скопје и убеден сум дека во годините коишто следат тој заедно со својот тим ќе ги реализираат, изјави Мицкоски и додаде.

– Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и за татковината, нашата Македонија. Сум убеден дека наставниците вредностите коишто најмладите, првачињата треба да ги дознаат за своето смејство за мама, за тато, за дада, за бато, но исто така и за она што се вика татковина, напата преубава Македонија ќе го пренесат во вистински начин и дух, а тоа што првоодделенците ќе го научат сега ќе го практикуваат целиот свој живот, потенцира Мицкоски во обраќањето пред присутните во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.

Министерството за образование и наука соопшти дека во учебната 2025/2026 година настава во основните и во средните училишта ќе посетуваат 245 илјади ученици. Во основните училишта има 177.800 ученици од кои 17.250 првачиња, додека средно училиште ќе посетуваат 67.200 ученици.

Најнови вести од Македонија

To top