Македонија

Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да вложува во зеленилото

Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да вложува во зеленилото

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во првата изборна единица Христијан Мицкоски денеска беше во Општина Аеродром од каде порача дека многу скоро со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу од проектите ќе бидат реализирани во општината кои изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани.

-Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.

Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања, истакна Мицкоски.

Нагласи дека е свесен дека поддршката е огромна.

-Свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top