Македонија прва задача, дијаспората да се враќа дома

Мицкоски од Тринген: На Македонија и треба целосна трансформација, сите заедно да се обединиме за голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај

Мицкоски нагласи дека сојузник на ВМРО-ДПМНЕ му е народот и без народот нема ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ ја нема Македонија.

Мицкоски од Тринген: На Македонија и треба целосна трансформација, сите заедно да се обединиме за голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај

Од ова место можеме сите ние заедно да си признаеме дека за жал генерациите кои го наследија македонскиот великан Гоце Делчев можеби не успеаја во тоа што тој го остави како свој аманет. За жал многумина во минатото неговите зборови поинаку ги протолкуваа, или не ги разбраа доволно и затоа денеска Македонија и македонскиот народ како еден од најмалкубројните народи во Европа, се наоѓаат под предизвикот на опстојување, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со македонската заедница во Тринген, Швајцарија.

Мицкоски истакна дека после 8 мај и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинаку, а прва задача ќе биде повеќе деца да се крштеваат во Македонија отколку во странство, односно да се вратат луѓето дома.

– Ние како политичари да сториме се што е во наша моќ да овозможиме услови нашата дијаспора да се врати дома, да живее, инвестира и биде задоволна. Сакам следната ваква средба да ја направиме со историски најголемата победа на 8 мај дома во Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека изминатиов период ВМРО-ДПМНЕ беше исправена пред бројни предизвици, но, издржа, успеа и денес се наоѓа пред историска победа

– Успеавме издржавме и денеска можеме да бидеме горди дека после историската борба на локалните избори во 2021 година кога за прв пат политичка партија од позиција на опозиција освои мнозинство, сега сме пред историска победа на парламентарните и претседателските избори како никогаш досега. Таа победа мора да биде со консолидиран број 61 пратеници, затоа што победата нема да биде доволна само за обични реформи, нас ни треба целосна трансформација на Македонија. Оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ која ќе има можност да ја води Македонија и да работи само за интересот на Македонија, македонскиот народ и граѓаните на Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сојузник на ВМРО-ДПМНЕ му е народот и без народот нема ВМРО-ДПМНЕ, а без ВМРО-ДПМНЕ ја нема Македонија.

– Мотивирани сме знаеме како, сме поминале голем дел од нашето образование и надвор од Македонија, сме поминале многу предизвици заедно како тим, како луѓе, раководство, генерација. Јас сум презадоволен што можам да кажам дека една плејада млади луѓе кои денеска ја имаат можноста да управуваат со општините, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, јавните претпријатија, веќе месеци, повеќе од 2 години тоа го прават достоинствено чесно и посветено и покрај сите опструкции со кои се соочуваат. Повеќе од 2 години во Македонија немате ниту еден скандал поврзан со градоначалниците и официјалните лица на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека од друга страна Владата СДСМ и ДУИ на дневна основа генерираат по 2-3 скандали.

Покажавме дека не сме сите исти, дека и со минимални ресурси можеме да постигнеме многу. Од загубари општини, блокирани општини, денеска со гордост можеме да кажеме дека после 2 години, само половина мандат и тоа во услови на Влада на ДУИ и СДСМ голем дел од нив успеаја да го вратат долгот на нивните претходници од редот на СДСМ и да ги одблокираат општините кои со децении биле блокирани, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека за помалку од 2 месеци почнува кампањата, за помалку од 3 месеци ќе биде денот кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија силно треба да зборуваат, кажат промени и оваа Влада на СДС и ДУИ да замине и никогаш да не се повтори.

– Ви ветувам дека за тоа што го направија во изминативе 6 и пол години детално ќе се посветам во анализа и одговорност за сторителите ќе има. Да не дозволиме да ја губиме Македонија. Сите заедно да се обединиме и на 8 мај а претходно тука на 24 април да дадеме една голема поддршка на кандидатот за претседател кој ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top