Македонија Солидарност

Мицкоски од Мечкин камен повика на единство: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани

-Нека е вечен споменот за Илинден.Бог да ја благослови Македонија, порача премиерот.

Мицкоски од Мечкин камен повика на единство: Да изградиме посилна држава на еднакви граѓани

Имаме економска визија за развиена дражава. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Сакам да им се обратам на младите. Младите се нашата иднина. Тие се нашата надеж и нашата сила. Вложуваме во нивното образование и во нивниот развој за да ги подготвиме за предизвиците на иднината. Младите се тие што ќе ја водат државата напред, а ние сме тука да ги поддржиме на секој чекор од нивниот пат. Им порачувам на младите: не плашете се од предизвиците, бидејќи вие сте тие што ќе ја градите иднината, тие кои мора да го негувате, браните и да се борите за заедничко единството.

-Заедно се боревме во Илинден и заедно ќе ја изградиме новата и силна Македонија.  Нашата сила е во нашата различност и нашето единство.  Само заедно можеме да изградиме аеднички светилник во темнината.  Илинден е нашата заедничка инспирација и нашиот најголем потсетник дека секоја генерација има своја борба. Како што нашите предци се бореа за слобода и правда, така и ние денес заедно се бориме за нашите идеали. Ова е нашата заклетва дека никогаш нема да се откажеме, дека секогаш ќе се бориме за нашата татковина, за нашите деца и за нашата заедничка иднина, рече Мицкоски.

Премиерот порача: „Нашата сила е во нашето единство и заедништво. Без разлика на различностите, сите ние сме дел од една поголема“.

-Ова е повик за солидарност за да изградиме посилна држава на еднакви граѓани. Во оваа смисла, од тука, на славниот Мечкин камен повикувам на единство и со нашите политички противници.  Да ја имаме пред нас големата слика на развиена и европска држава.  Држава која е обединета независно од нашите политички разлики.  Да зборуваме во еден глас! Да се бориме заедно и да освојуваме големи врвови и да победуваме заедно! Борбата трае е повеќе од слоган.  Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна земја. Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме. Нека секој збор, секоја акција и секој сон за подобра иднина бидат нашата борба.  Нека нашата борба трае, како што траеше и во времето на нашите предци, рече Мицкоски.

Тој го цитираше Винстон Черчил: „Крајот на една ера значи почеток на нова. Најдоброто нешто што можеме да го направиме е да ја прифатиме промената со надеж и да се стремиме кон подобра иднина.“

-Нека е вечен споменот за Илинден. Бог да ја благослови Македонија, порача премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top